Нејзиното болно ,,ништо”

Знаеше дека го испушти најдоброто, па со раширени раце ја дочека тагата. И после денови месеци години таа сеуште плачи по него. И сеуште го моли неговиот ладнокрвен поглед барем за момент да омекни малку. Тоа полека но сигурно ја убива. Ја измачува. Тој е како стакло, таа го повреди и сега тој безмилосно напаѓа. А таа? Таа е хартија. Секоја капка, секоја солза, ја печи и ја уништува.Како ли да му докажи дека неопишливо се кае? Како да му пренеси дека нејзиното срце е на земја, долу, да го газат. Таа не гледа ништо, го гледа само него. Иако светот е пред неа, за неа тој е Светот. Тој е нејзиниот сон. Тој е нејзината болка. Тој е е она ,,ништо” кога ја прашуваат што и е. Таму ја крие нејзината болна љубов.

И покрај се..

И после толку време, и после се што направи, тој не ја забележуваше. За него таа беше досадна девојка која сака само да биде заљубена, сака само да не биде поразлична од другите, па затоа трчаше по него. Таа безмилосно ја газеше својата гордост доде додека пак тој незаинтересирано ја напаѓаше нејзината душа. Таа се обидуваше да најде начин како да му докажи дека вреди, но бесцелно. После толку време веќе почнуваше да се запрашува за своите вредности. Дали навистина е вредна? Дали е во право? Помислуваше дека таа е виновна за ова и го распламтуваше уште повеќе пламенот што гореше во нејзиното срце. Се е залудно-беа зборовите кои секогаш и се вртеа во главата. Нејзиниот терет на срцето беше толку голем што никој не би можел да го истрпи.А солзите  беа секојдневие кај неа. Само нејзината преница знаеше што се поминала таа. Колку температури достигнала.Колку болка претрпела.Колку пати помислила дека не треба да живее и колку ,,ми треба” премолчила. Но покрај се, таа се уште живее за него. Се уште копнее до моментот кога насмевката на нејзиното лице ќе покажува дека е среќна. Копнее иако знае дека тој момент можеби не постои во нејзината книга на животот.

Животот е борба, бори се до крај

Најголем грев на овој свет е да го мразиш сопствениот живот. Будејќи се да се прашуваш зошто си се разбудила, зошто само не ги затвориш очите и да се препуштиш на темнината? Тоа е она најлошото. Да талкаш низ маглата и а да бидеш само ехо , како гласовите да ти ги создава некој друг. Како некој друг да го држи пенкалото со кое ја пишуваш твојата приказна, како некој друг да ја свири твојата мелодија. Некој друг ја игра ТВОЈАТА игра. И кога веќе еднаш ќе влезиш во тој тунел, од таму нема спас. Нема сјај светлина кој ти дава надеж и те води накај излезот. Бездна дупка во која не го гледаш ни небото ни земјата. Соба која нема ни зид ни врата ни прозорец. Само сивило. Зар ќе го оставиш животот да ти се лизне низ прсти? Зар ќе си дозволиш да си замине како патник кој нема да се врати? Зар ќе го заборавиш сопствениот живот?

Мојот живот е тоа- преживување во дивината

… Дојде тој. Си помислив:тој е совршен, најдобар, вистински. И токму кога си помислив дека со него доаѓа нов живот, ќе го заборавам минатото, се случува она во кое никој не верува, сите сметаат дека е научна фантастика.Го гледам пред мене со таа девојка. Срцето ми се крши и иако сакам да го викнам неможам. Ми се губи гласот а тие заминуваат во спротивна насока. Ги гледам како се оддалечуват. Солзите ми навираат во очите и сфаќам дека животот си го претворив во црнило. Повеќе не живеам, сега ми преостанува само борбата за преживување.

Разговор на тагата

Телефонски повик:
Девојчето: Здраво. Овде девојчето со кое вчера се допишуваше на сајтот за чат под тајни имиња. Се прашувам дали моето име те потсеќа на нешто? Дали по нешто ти е познато моето име?
Момчето: Хмм.. па да.. со твоето име се викаше една моја девојка..
Д. : Па по добро ли ја паметиш или по лошо?
М. :Хах.. тоа е тешко прашање..
Д.: А ја сакаше ли?
М. : Да.. Многу ја сакав.. Се сеќавам кога последно се видовме, бевме скарани. Во мојот поглед имаше и омраза но повеќе љубов. Таа од тоа ја виде само омразата и тоа беше крај на нашата врска..
Д. ; Ох тоа е многу жалосно! Аа.. оженет ли си сега?
М.: Не.. никоја неможам да ја сакам како неа. Иначее..Знам дека е тажна нашава приказна… Од тогаш повеќе не се јави а не ни ја видов.
Д.: уф…
М. :Што е? Нешто не е во ред?
Д. : Па… ништо.
М. : А може ли да те прашам нешто?
Д. : Да се разбира.
М. : Зошто толку се интересираш за ова?
Д. : /неутешно плачење/
М. : Чекај.. дали можебии… Божее.. Ох..Ти ли си?
/спуштена слушалка/

Момчето повеќе никогаш не ја сретна, ниту пак се јави.. А сеуште се кае што од почетокот на разговорот не ја позна… Тој никогаш не се ожени чекајќи таа повторно да му се јави. И ниту пак таа се омажи бидејќи тој, поранешното момче, и беше се на светот..

Редно време е

Седам сама во собата. Запишувам што се преживеав заради него. А тој би рекол- што ти направив јас, не сум јас крив, или- сама си си крива. И крива сум. Што му верував, што го засакав како сопствените очи. И наеднаш се појавува само обичен странец иако тој странец некогаш те сакал повеќе од себеси. Сфајќаш дека ништо нема да биде ко порано и дека некои работи се случуваат само еднаш. Во животот чувствуваме секаква љубов, но секоја само по еднаш. Само еднаш го почувствував она кон него. И повеќе никогаш. Си замина, си продолжи со животот, а јас треба да глумам дека заборавив и да продолжам како порано. Мошне тешко, но знам. Тој не е човек на кој треба да се посвети толку време од животот. Па, одсега- продолжувам без него!

И ова дојде со тек на време..

Дојде време кога се сеќавам на зборовите на другарките. Ми велеа да се оддалечам од него. Ми велеа да го заборавам, ми кажуваа дека тој нема карактер, дека не е за мене. Но јас не им верував. Го слушав само моето маѓепсано срце. Мислев дека не треба да го заборавам, сметав дека тој е единствен и дека никогаш нема да најдам друг како него. Но сега сфаќам- такви како него ги има безброј. Тешко е да се пронајдат различните. Оние кои не ги оставаат девојчињата да чекаат само затоа што знаат дека ќе чекаат. А јас чекав. Чекајќи тој да се промени, јас се променив. Не сум веќе истата. Тој ме скрши, но можам да му се заблагодарам. Поради него научив важна лекција во животот. Да не им верувам на сите бидејќи подоцна наивноста нанесува болка. Па, драг срцекршачу, драго минато, ти благодарам. Ако не го научев ова сега, ќе го научев подоцна. А ти, немој да ја изгубиш и следната како што ме изгуби мене. Па со среќа во животот понатаму.
Изгубената во времето, онаа чие срце го скрши, еднаш твоја најмила, а сега странец.
Со љубов, твојата најсакана.

Мислата не мирува

Се сеќавам на сé. На секој твој збор, секоја твоја насмевка, секој твој чекор, секој НАШ момент. И секогаш ќе помнам низ што сме поминале. Но тие неколку моменти што постојано ме измачуваат и ми се појавуваат насекаде- во сонот, во умот, тие се постојано околу мене. Ме демнат и ми создаваат преголема болка за да замижам и да продолжам. Ме тераат да размислувам што би било кога не би ја направила грешката. Ме тераат да размислувам дали ти сеуште би бил тука. Ме навраќаат на истите работи по безброј пати, а јас како скитник одам по нив и патам за моите постапки. Постојано се потсејќам не мислејќи на себе. А редно е да направам и нешто добро за мене,но немам сила. Немам сила да се справам со минатото.

Уморена сум

Според мене, некои работи се сфаќаат само кога ќе се почувствуваат на сопствена кожа. Баш таква е мојава грутка. Сакам да викам, да се дерам, да можам да ја пуштам душата на слобода, но се што можам да направам е да плачам. Се што можам е да се стуткам во перницата и да им дозволам на солзите да течат. Како да ја приберам оваа распарчена душа? Каде да ги сокријам овие мои уморни очи? Што да направам за да исчезни оваа горчина во срцето? Зошто е ваков овој пеколен живот? Не ме остава да замижам и барем еднаш да спијам спокојно. Постојано си со мене. Дали во мислите, во главата или во срцето.. Каде си ти сега?

Засекогаш твоја

Ти продолжи со твојот живот. Така и треба-секогаш да гледаме нанапред и да се стремиме кон нешто ново. Но јас? Јас што сеуште останав заплеткана во пајажината на минатото? Како ли да продолжам понатаму кога ти си мој еден и единствен неостварен сон? Како да замижам на сите неспиени ноќи, сите солзи, сите гладувања па и сите лаги дека сум уморна и дека ништо не ми е..
Ти можеби веќе почна да ме забораваш шетајќи со сите тие безброј девојки. Тебе ти е лесно, сите те посакуваат, а ти на многу од нив им даваш шанса. Но има една, која би дала се на овој свет за тебе. Една која никој друг не би засакала.Таа една сум јас. А ти си тој еден. Засекогаш посебен.