Monthly Archives: March 2014

Засекогаш твоја

Ти продолжи со твојот живот. Така и треба-секогаш да гледаме нанапред и да се стремиме кон нешто ново. Но јас? Јас што сеуште останав заплеткана во пајажината на минатото? Како ли да продолжам понатаму кога ти си мој еден и единствен неостварен сон? Како да замижам на сите неспиени ноќи, сите солзи, сите гладувања па и сите лаги дека сум уморна и дека ништо не ми е..
Ти можеби веќе почна да ме забораваш шетајќи со сите тие безброј девојки. Тебе ти е лесно, сите те посакуваат, а ти на многу од нив им даваш шанса. Но има една, која би дала се на овој свет за тебе. Една која никој друг не би засакала.Таа една сум јас. А ти си тој еден. Засекогаш посебен.

Знаеш ли што правам?

Одам.. А каде? Во пеколот.
Слушам.. А што? Глувата тишина.
Летам.. А каде? Во невремето и во мрачните облаци.
Гледам.. А што? Мракот.
Тонам.. А каде? Во бесконечноста.
Сонувам.. А што? Што сонувам? Само тебе…

Се смеам.. Но како? Лажно.
Плачам.. Но како? Без ни мала надеж.
Викам.. Но како? Безгласно.
Се рушам.. Но како? Бавно и болно.
Свирам.. Но како? Безмелодично.
Умирам. Но како? Знаеш ли? Тагувајќи по тебе.

смртта…

Смрт. На некој им звучи страшно, некои велат има време,а некој таму бараат утеха. Има луѓе кои ја посакуваат има луѓе кои ја избегнуваат но најтешко им е на тие што ја доживеале, а се сеуште се живи. Мене, смртта ме зеде во своите канџи, а еве сум. Дишам, зафаќам место во просторот но се чувствувам како дух. Најтрагичното. А знаеш ли зошто? Можеби ќе речат дека сум чудна, но се е заради твоето заминување. И сеуште неможам да сфатам зошто животот односно судбината ми ја зеде единствената љубов. Зошто не ме остави да живеам и ми пресуди само да преживувам.
Попусто си ветувам дека ќе продолжам без тебе,а знам дека без тебе јас не постојам. Не постојам.

Ќе те чекам

Си замина. Ме напушти. Го сврте грбот на сите спомени, на безброј незаборавни моменти. Ме остави сосем сама. Да се справувам со себеси. Да патам. Да се уништам. А нашето беше големо. Кула која ти до еден потег ја уништи, а јас ја платив цената. Јас ги собирав, делче по делче, а знаев дека НИКОГАШ нема да се состават повторно. А ти така, едноставно-си замина. Ама знам.Сето ова беше глума. Само ладно не погледна со сожалување во очите, а всушност солзи ти навираа и сакаше да викниш на целиот глас. Но имаше грутка во грлото. Би плачел но немаше солзи. Би викал но немаше глас. Би ме прегрнал но немаше сила. Знам.
Си замина. Ме напушти. Цитирам ,,ќе се вратам” ми вети. Па ќе те чекам.

Совршениот

Дојде тивко..дури и не се сеќавам на нашата прва средба. А толку поминавме заедно. Толку солзи ги погалија моите образи, и толку мрачни мисли го надвиснаа твојот ум мислејќи на мене. Но тоа помина одамна. Имаше уште безброј девојки, но за мене ти беше единствен. На моменти сеуште помислувам дека никогаш нема да најдам некој како тебе. Можеби некој ќе ја има истата фризура, некој ќе носи иста дуксерка..сите ќе имаат нешто како тебе, но знам дека нема да успеам да те составам тебе. Ти беше совршенство. Таа насмевка, смислата за хумор, таа привлечна палавост, тој поглед, тие очи и таа прегратка.. Ти беше ,,чудо над чудата” . Но знаеш.. доцна сфаќаме што сме имале-кога ќе го изгубиме. А ти-ти беше нешто што несмее да се изгуби.